-->
-->
Тројца македонски уметници учествуваат на ликовната колонија „Палета“ во Белград
-->
Тројца македонски уметници учествуваат на Меѓународната ликовна колонија „Палета“ во Белград, која беше отворена на 10-ти и ќе трае до 16 август.
На колонијата, која ја организира средното железничко училиште во Белград, учествуваат Зоран Јакимовски, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, и уметниците Касиопеја Наумоска и Јана Куновска.
Покрај нив, оваа година учествуваат и уметници од Унгарија, Црна Гора и Србија. Тие творат ликовни дела во две техники - акрил и масло, а темите се по нивни избор и на мотиви од нивните творештва.
Делата што авторите ќе ги создадат на еднонеделната ликовна колонија ќе бидат претставени на завршна изложба, како и во специјално подготвен каталог
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море