Свет
22. May 2017 - 8:29

Тројца алпинисти загинаа, а еден е исчезнат во реонот на врвот Еверест

За време на викендот, тројца алпинисти загинаа во непосредна близина на врвот Еверест, додека еден се води за исчезнат, пренесе ТАСС.

Американски алпинист загинал во близина на Еверест, а индиски алпинист исчезнал на пат од врвот надолу, по успешното освојување на врвот, изјавија организаторите на нивните експедиции.

Во текот на последните два дена во реонот на Еверест загинале уште двајца алпинисти - од Словачка и Австралија, соопштија непалските власти и локалните медиуми.

Од почетокот на актуелната пролетна сезона на искачување на Еверест, почната во текот на март и која ќе трае до крајот на мај, досега загинаа петмина алпинисти, додека еден е исчезнат.