Живот
9. September 2015 - 20:45

Трогателно: Двегодишно девојче ги подели слатките со врсничка од Сирија

Двегодишно девојче дошло со својата мајка на пречекот на сириските белаци во Берлин. Бегалците се дочекани срдечно во Берлин и Минхен, и Германците се потрудија да им помогнат на бегалците. Девојчето одлучи своите слатки да ги подели со врсничка од Сирија.

Трогателен момент забележа германската новинарка и го постави на социјалните мрежи.

Сириските бегалци се дочекани со вода, храна и топла облека, а голем број деца ги донираа своите играчки. Меѓу лицата кои беа на пречекот во Минхен беше и детенце кои дошло со малечка количка од супермаркет со која ги донираше своите играчки за да ги подели со бегалците.

Горе му стоеше натписот „Добредојдовте“.

Сликата стана вирална и го воодушеви целиот свет.