Живот
9. March 2016 - 19:44

Tрогателната врска меѓу пингвин и еден Бразилец кој го спасил од сигурна смрт

 
Оваа неверојатна приказна ја покажува трогателната врска меѓу пингвин и еден Бразилец кој го спасил од сигурна смрт.
 
Пензионерот кој работел претходно како ѕидар и рибар, Жоао Переира де Соуза, од едно село надвор од Рио де Жанеиро, го открил малиот пингвин на карпите во 2011 година.
 
Беспомошното животно било прегладнето и покриено во масло, но Де Соуза го зел и го чувал додека не заздравел во целост. Тој на јужно американскиот пингвин му го дал името Диндим.
 
Кога Диндим се чувствувал подобро, Жоао го пуштил назад во морето, не очекувајќи да го види својот пријател повторно. Тој бил изненаден кога неколку месеци подоцна, пингвинот се вратил на островот каде го препознал својот пријател и се вратил дома со него.
 
Сега, Диндим поминува осум месеци од годината со Де Соуза, а остатокот од времето го поминува на бреговите на Аргентина и Чиле. Се верува дека оваа птица плива околу 5.000 милји само за да се врати кај Де Соуза.