Живот
28. April 2017 - 11:40

Трогателна фотографија којашто расплака милиони, ова е приказната позади неа

На интернет страницата „Love What Matters" (сакај го она што вреди) се појави фотографија којашто разнежни многумина и ни напомна што тоа значи вистинска љубов.

Девојчето што ја објави фотографијата, објасни и зошто татко и сместил масичка и фотелја пред вратата на спалната соба.

- Мојата мајка има рак на тироидната жлезда, што се шири и ја опфати и трахејата. Се спроведе операција, при што ракот го отстранија. Треба да биде изолирана во собата, поради радијацијата. Татко ми постави масичка пред вратата за да и прави друштво, а јас плачам, се вели во описот под сликата.

Ете како за голема љубовна приказна понекогаш се доволни само неколку зборови...

Сите во коментарите изразија поддршка кон семејството, а имаше и такви кои ги споделија своите лични искуства со ракот и лекувањето.