Македонија
21. November 2017 - 8:47

Тркалезна маса: Западниот Балкан во услови на мигрантска криза

„Јакнење на капацитетите и ресурсите во услови на мигрантска криза на Западен Балкан“ е насловот на меѓународната тркалезна маса што денеска ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Експерти од земјава и од регионот ќе дискутираат за причините и последиците од меѓународните интервенции на Блискиот Исток и Северна Африка, како се менаџираат кризните состојби, како функционираат службите за цивилна заштита.

Тркалезната маса ја организираат Филозофски факултет, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево (ФККБС) и Универзитетот за применети науки од Велика Горица, Хрватска.

Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, информира дека заедно со деканот на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, проф. д-р Неџат Корајлиќ, и со деканот на Универзитетот во Велика Горица, проф. д-р Иван Тот, веќе почнале иницијатива за вмрежување во областа на безбедноста и миграциите и акредитирање летни школи и размена на наставници и студенти. 

Целта на тркалезната маса е информација и дебата за летната школа која ќе се одржи на од 11 до 18 јуни 2018 година, со предавачи и стручни лица од трите земји.