Тркалезна маса „Официјалните статистички податоци - придобивки и предизвици“
„Официјалните статистички податоци- придобивки и предизвици“ беше темата на тркалезната маса што денеска ја организираше Државниот завод за статистика (ДЗС) и на која учествуваа претставници на бизнис-заедницата и на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Како што соопшти ДЗС, посебен акцент во дискусијата бил ставен на значењето на бизнис-заедницата во процесот на доставување на податоци до Заводот кој понатаму ги продуцира податоците во официјални статистики, и придобивките за компаниите од користењето на официјални статистички податоци. Истакната била потребата од продлабочување и интензивирање на соработката на компаниите со Државниот завод за статистика непосредно и преку стопанските комори во државата.
На тркалезната маса беа промовирани и потпишани новите меморандуми за соработка помеѓу ДЗС и Сојузот на стопанските комори на Македонија и на ДЗС и Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на статистиката под мотото „Подобри податоци. Подобар живот“, соопшти ДЗС.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто