Македонија
12. January 2018 - 8:59

Тринаесетгодишник повреден од петарди во неготинско Пепелиште

Тринаесетгодишник бил повреден на левата рака од две петарди кои пукнале, додека тој се обидувал да ги запали во средата околу 21.30 часот, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Момчето веднаш било пренесено во Здравствен дом Неготино, потоа упатено во Општа болница Кавадарци, каде му била укажана медицинска помош и било пуштено на домашно лекување.