Тринаесет сообраќајки вчера во Скопје
Тринаесет лица биле полесно повредени во шест од вкупно 13 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во седум била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест не дале првенство на минување, а 11 лица неправилно се престроиле. Од сообраќај биле исклучени 18 лица: двајца возеле под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило, а 10 со нерегистрирано возило. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и четворица пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 81 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 83 возила.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право