Трик со кој сигналот на вашиот рутер ќе се зголеми 3 пати
Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да го зголемите опфатот на рутерот во вашиот дом. Еве за што станува збор:
1. Поставете го во центарот на домот
Рутерот кој испраќа Wi-Fi сигнал треба да биде во центарот на домот. На тој начин Wi-Fi брановите ќе се распространат до секој агол во вашиот дом.
2. Поставете го на високо
Никогаш не го поставувајте вашиот рутер на подот. Во спротивен случај Wi-Fi брановите ќе отидат кај соседите под вас. Најдоброто место за вашиот рутер е на ѕидот поблиску до таванот. Тоа со сигурност ќе придонесе за подобар сигнал од вашиот рутер.
3. Поставете го подалеку од друга електронска техника
Електронската техника која се наоѓа до рутерот, го намалува неговиот сигнал. Затоа запомнете: Телевизорот или пак компјутерот со сигурност треба да се наоѓа подалеку од вашиот рутер.
4. Насочете ги неговите антени во различни насоки
Ако вашиот рутер има две антени, насочете ја едната вертикално а другата хоризонтално. Така насочени, антените најдобро го предаваат Wi-Fi сигналот. Пробајте најразлични позиции на антените и така ќе определите која позиција дава најдобар сигнал.
5. Апликација за управување на Wi- сигнал
Има специјални апликации со кои можете да ја проследите јачината на Wi-Fi сигналот во вашиот дом. Ваквите апликации ќе ви помогнат да разберете каде е најдобро да го поставите вашиот рутер.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти