Македонија
5. October 2016 - 16:29

Триесетина пожари само во Скопје поради неисчистени оџаци оваа грејна сезона

30тина пожари на старт од грејната сезона во Скопје поради  неисчистени оџаци. Противпожарната бригада интервенирала на повеќе локации во градот каде за среќа пламенот бил навреме згаснат. Ланската зима пожарникарите интервенирале  над 100 пати во пожари кои избувнале од запушени оџаци. Кога паѓаат температурите веќе е доцна да се чисти. Од противпожарната бригада  апелираат за безбедно греење   граѓаните да се погрижат за димоводните канали  пред да ги наполнат печките  со огревни дрва.

Важен е и квалитетот на  одржувањето на печките.По долго користење старите уреди  се директни загадувачи  на воздухот со штетните ПМ 10 честички.  Лисиче е една од скопските населби каде населението претежно се грее на дрва, пелети или брикети. Граѓаните се во подготовки за грејната сезона. Велат оџаците ги чистат сами или ангажираат фирма најмалку двапати годишно. 

Затнатите оџаци ги предизвикаа првите   пожари и во КАвадаречко. Надлежните апелираат, населението  мора да ја почитува законската обврска. Инспекторите прават редовни контроли а казните се движат од 500 до 1000 евра за физичко и од 2000 – 5 000 евра за правно лице. Во Македонска Каменица  Јавното комунално претријатије се спроведува акција за чистење оџаци на колективни станбени згради. Повеќе од 130 000 домаќинства се греат на огревно дрво во Македонија.