Македонија
18. October 2017 - 12:21

Триесетдневен притвор за четворица од напаѓачите на Зијадин Села

На предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка им определи мерка 30-дневен притвор на четворицата напаѓачи на пратеникот Зијадин Села. Четворицата се наоѓаат под истрага за сторено кривично дело убиство во обид, што како соизвршители го сториле на 27 април во македонското Собрание, согласно член 123, а во врска со член 19 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

За петтото лице, за кое обвинителството, исто така, предложи определување мерка притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.