Свет
22. January 2017 - 10:43

Триесет и еден милион гледачи преку тв-екраните во САД следеле церемонија на стапување на функција на Трамп

Триесет и еден милион гледачи ја следеле преку телевизија официјалната церемонија за стапување на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп, соопшти агенцијата Нилсен.

Таа цифра е поголема од второто стапување на должност на Барак Обама, но помалку во споредба со првото.

Најгледана церемонија по 1969 година е првото стапување на должност на претседателот Роналд Реган во 1981 година кога 41,8 милиони гледачи ја следеле церемонијата преку тв-екраните.

Во „големиот ден“ најмногу гледачи на церемонијата имала Ен-Би-Си – 5,8 милиони гледачи, следуваат Еј-Би-Си – 4,9 и Си-Би-Ес со 4,6 милиони гледачи. Кај кабелските телевизии на прво место е Фокс њуз со 8,43 милиони гледачи додека Си-Ен-Ен привлекле 2,46 милиони гледачи на церемонијата.