Живот
28. March 2017 - 10:07

Тридимензионални илузии кои ќе ви го поматат разумот

Окото е едно од најкомплексните органи на човечкото тело, а холандскиот поп-надреалист Леон Кир пронајде начин да го измами.

Леон користи голем број техники и материјали како акрилни бои, растворувачи, катрани - за да направи тридимензионални уметнички дела кои прават оптичка илузија и како да се виткаат пред нашите очи.

Научил да слика кога дизајнирал огромни мурали за компании како што е „Кока-Кола“.

Уметникот истакнува дека не му пречи што неговите дела се привремени: „Секое улично уметничко дело е единствено и припаѓа на улицата и нејзините жители. Тоа што моите цртежи се привремени само го зајакнува нивното постоење“.