Бизнис
20. September 2017 - 9:28

Трибина за рамномерен регионален и локален развој

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и заменикот министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денеска ќе учествуваат на панел дискусија на тема „Рамномерен регионален и локален развој-потреба за секоја функционална демократија“, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје.

На трибината, која е организирана од Фондацијата Фридрих Еберт, ќе учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на ФЕС за Македонија и Косово, Франк Хантке и експертот Јане Вртески.

Поканети за учество се и претставници на надлежните институции, како и на граѓански организации кои имаат експертиза во оваа област.