Бизнис
18. March 2018 - 8:57

Трибина за придобивките од осигурувањето на земјоделското производство

„Придобивки од осигурување на земјоделското производство“ е темата на трибината што денеска ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
На трибината ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Агенција за супервизија на осигурување, Климе Попоски, осигурителни компании и земјоделски здруженија.