Македонија
23. March 2017 - 8:42

Трибина за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност

Трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физичките лица кои извршуваат стопанска дејност ќе се одржи денеска во организација на Центарот за даночна политика и Асоцијацијата на економски истражувачи.

На трибината „ДДВ за физички лица – за и против“, како што е најавено, ќе бидат разгледани прашањата за тоа дали е оправдано и физичките лица кои вршат стопанска дејност да бидат обврзници за плаќање на ДДВ, дали ова претставува двојно оданочување, зошто беше намален прагот за регистрација од 2.000.000 денари на 1.000.000 денари и слично.