Бизнис
22. August 2017 - 8:50

Трибина за дополнителна социјална заштита за лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ќе се обрати на трибината посветена на „Предлог мерките за дополнителна социјална заштита за лица со попреченост и нивните семејства”.

Царовска, како што информираат од нејзиниот кабинет, на трибината ќе информира за предложените измени во Законот за социјална заштита. 

Трибината е во организација на Министерството за труд и социјална политика и Здружението за промоција и развој на инклузивното општество „Инклузива”.