Фудбал
22. February 2017 - 16:03

Три реванш натпревари од шеснаесетинафиналето во Лига Европа

 Во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лига Европа, попладнево ќе се одиграат три реванш дуелот од шеснаесетфиналната рунда, по кои ќе ги добиеме и првите три тима кои ќе играат во осминафиналето.
 
Сите три средби ќе започнат во терминот од 18 часот, а двојките се: 
Фенербахче – Краснодар (0-1 прв натпревар), 
Сент Етјен - Манчестер Јунајтед (0-3) и 
Шалке - ПAOK Солун (3-0).
 
Преостанатите реванш натпревари ќе се играат утре, а двојките се: 
17:00 Османлиспор – Олимпијакос (0-0), 
19:00 Зенит-Ст. Петерсбург – Андерлет (0-2), 
19:00 Рома – Виљареал (0-4), 
19:00 Бешикташ - Хапоел Бир Шева (3-1), 
19:00 АПОЕЛ Никозија - Атлетик Билбао (2-3), 
19:00 Ајакс - Легија Варшава (0-0), 
21:05 Копенхаген – Лудогорец (2-1), 
21:05 Фиорентина - Борусија Менхенгладбах (1-0), 
21:05 Генк - Астра Џурџу (2-2), 
21:05 Олимпик Лион - АЗ Алкмар (4-1), 
21:05 Шахтјор Донецк - Селта Виго (1-0), 
21:05 Спарта Прага – Ростов (0-4) и 
21:05 Тотенхем – Гент (0-1).
 
Ждрепка за осминафиналето е закажана за во петок во Нион, а првите натпревари ќе се играат на 9, а реванш дуелите на 16 март.