Loading Video...
Спорт плус
4. January 2018 - 17:32

Три од три за Штох на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“

Полскиот ски-скокач Камил Штох ја оствари и третата победа на 66-то издание на турнејата „Четири Новогодишни скокалници“. 
 
По триумфите во германските ски-центри Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, полскиот ски-скокач денеска беше најдобар и на 130-метарската леталница во Инсбрук, Австрија. 
 
Штох собра најмногу бодови од судиите 270,1 за скоковите од 130 метри во првата и 128,5 местри во втората серија. 
 
Место на пиедесталот крај Полјакот имаше и за Норвежанецот, Андре Даниел Танде кој оствари скокови од 129,5 и 125 метри, како и за Германецот, Андреас Велингер кој го имаше најдолгиот скок денеска во Инсбрук од 133 метри во првата серија. 
 
Во вкупниот пласман на турнејата лидер е Штох со 833,2 бода, пред Андреас Велингер со 768,7 и Јапонецот, Јуширо Кобајаши со 765,7.
 
Турнејата „Четири Новогодишни скокалници“, завршува на 6 јануари во Бишесхофен. Потсетување дека лани победник на турнејата беше токму Полјакот, Штох.