Спорт плус
15. October 2016 - 17:15

Три медали за македонските натпреварувачи на фудокан првенството во Полска

 
Македонскиот национален тим освои три медали, од кои еден сребрен и два бронзени на Европското првенство во карате фудокан во Краков, Полска.
 
Во сениорска конкуренција второ место во кати освои Дејан Недев.
 
Бронзени медали освоија Јадранка Недева во сениорска конкуренција дисциплина – фукуго.
 
За Македонија бронзен медал во јуниорска конкуренција обезбедија Огнен Тасевски и Берта Милевска во дисциплината енбу мешани двојки.
 
На ова натпреварување учествуваа преку 1.500 каратисти од 38 земји.