Балкан
10. August 2015 - 11:42

Три лица загинаа при престрелка по бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул

Еден полицаец и двајца напаѓачи се убиени при престрелка по бомбашки напад врз полициска станица во Истанбул.

Автомобил-бомба синоќа удри во полициска станица во истанбулскиот кварт Султанбејли. Неколку часа подоцна бил отворен оган врз полицајците од реонот, на што тие веднаш одговориле на нападот. Престрелката траела два часа.

Во судирот загинале двајца напаѓачи, а еден полицаец бил тешко повреден и пренесен во болница, каде подоцна починал.

Идентитетот на двајцата напаѓачи, маж и жена, се уште не е откриен.