Балкан
16. August 2016 - 13:53

Три лица загинаа и тројца повредени во судар на чамци

Три лица загинаа, а тројца се повредени во денешната несреќа, откако глисер се удрил во туристички брод и го преполовил во близина на грчкиот остров Егина, близу до Атина.

Причините за несреќата засега не се познати. Крајбрежната стража соопшти дека настраданите од водата биле извадени со помош на приватни чамци, кои биле таму во моментот на несреќата.

Во двете пловила имало вкупно околу 20 лица. Не е позната ниту националноста на жртвите.