Балкан
26. April 2017 - 21:55

Три лица убиени во Шибеник

Во близина на Шибеник денеска во вооружен напад се убиени три лица, а извршителот се наоѓа во бегство.

Попладнево три лица се пронајдени мртви - две во семејна куќа и едно во автомобил, соопшти полицијата во Шибеник, која го блокирала местото на злосторството.

Идентитетот на убиените и причината за нападот се уште се утврдуваат.