Свет
24. July 2015 - 16:39

Три лица убиени, седум ранети во кино во САД

Три лица се убиени, а седум ранети во кино во американскиот град Лафает. 58 годишен белец отворил оган за време на  филмската проекцијата на филмот а потоа самиот си го одезел животот. Полиција засега не дава детали за идентитето на убиецот.

Во последниве два дена две деца, едно во  швајцарија и едно во Словачка починале откако нивните родители ги заборавиле во автомобил. Кристина од Словачка имала само две години. Таткото ја заборавил во паркирната кола каде деето останало речиси цело утро. Девојчето починало од топлотен удар и ехидрација. Темепратурата  тој ден   изнесувала 37 степени, а  автомобилот се искачила на 60 степени.

НАСА соопшти дека е откриена планета која досега најмногу личи на нашата земја. Се работи за планетата Кеплер 452 б  оддалеена од нас 1 400 светлосни години. Таа не е ниту премногу студена ниту топла, а нејзината свезда е слична на нашето сонце.

Планетата  Кеплер 452 б е стара 6 милијарди години