Свет
12. August 2016 - 13:33

Три лица уапсени во рации низ Брисел

Три лица се уапсени за време на рации во Брисел спроведени во рамки на антитерористичката истрага, информира денеска белгиското Обвинителство.

Како што јавија беглгиските медиуми, Федерално обвинителство соопшти дека синоќа бил извршен претрес на осум куќи во Брисел, на барање на истражниот судија задолжен за случаите на тероризам.

При претресот не е пронајдено оружје, ниту експлозив.

Детали од рациите не се соопштуваат.