-->
-->
Три лица уапсени во Истанбул за нападот врз панаѓурот во Берлин
-->
Три лица поврзани со нападот врз божиќниот панаѓур во Берлин на крајот на минатата година, се уапсени на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јави турската приватна телевизија Еи-Ен-Ен Турк.
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека тројца уапсени биле во контакт со напаѓачот од Берлин.
Тројцата уапсени на аерордомот „Ататурк“ се идентификувани како Мохамед Али Кан, Јусеф Даруиче и Билал Јусеф Махмуд.
Одговорноста за нападот на 19 декември на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 лица, а десетици беа ранети, ја презеде групацијата Исламска држава.
Извршителот на нападот, Тунижанецот Анис Амри беше убиен во престрелка со италијанската полиција крај автобуска станица во предградие на Милано на 23 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица
-
Стојковски: Се руши дивоградба во Ѓорче Петров, завршија деновите на провлекување
-
Велигденов: Со години обезбедуваме плата преку позајмици, веќе нема од каде да земеме
-
Тошковски: Дали намерно шест години не ни работат термалните камери на граница?
-
ТЕЦ Неготино нова подружница на АД ЕСМ
-
Португалија без Роналдо против Шведска
-
Сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Битола, сообраќајот се пренасочува
-
Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус