Македонија
10. February 2017 - 9:09

Три лица повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица, од кои едно потешко, се повредени во три од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Oд страна на сообраќајната полиција санкционирани се 32 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 57 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 77 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Петар Поп Арсов“ коешто се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Во сабота  со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу Вардар и Загреб. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување