Македонија
15. December 2016 - 9:31

Три лица повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Три лица се здобиле со полесни телесни повреди во три од вкупно шест сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во три е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 10 возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и осум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 32 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 55 возила.  

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Х.Т. Карпош“ со учениците од второ и четврто одделение.