Македонија
4. September 2015 - 11:05

Три лица повредени во сообраќајка на автопатот Петровец-Скопје

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила претпладнево во 9.15 часот на автопатот Петровец-Скопје.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, полициските екипи вршат увид на местото на несреќата, а во меѓувреме сообраќајот е пренасочен.

Како што за МИА информираа од СВР - Скопје, во сообраќајката учествувале три возила и тоа патничко моторно возило „Ленд ровер“ со тетовски регистарски таблици, товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски таблици и патничко моторно возило „Гранд чероки“ од Скопје.