Свет
27. August 2015 - 8:36

Три илјади мигранти се спасени пограј брегот на Либија, а 55 загинале

Околу 3.000 мигранти се спасени вчера во близина на брегот на Либија, а над 50 се пронајдени мртви во различни пловни објекти, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Десетици илјади луѓе, главно од Африка и Блискиот исток, оваа година тргнаа по морски пат со надеж да стигнат до европските земји и тоа многу често со преполни мали чамци, кои не се во можност да го поминат Средоземното Море.

Спасувачите открија 51 мртво тело на шведскиот брод „Посејдон“, на кој имало и 439 преживеани лица. 

Три жени се пронајдени мртви во гумен чамец, со кој патувале 120 луѓе. Едно лице, кое било спасено на друг пловен објект со над 100 луѓе во него, починал веднаш по неговото спасување.

Крајбрежната стража не потврди која е причината за смртните случаи на мигрантите и зголемувањето на нивниот број оваа година, кој изнесува повеќе од 2.300 починати лица според податоци на Меѓународната организација за миграција.