Свет
18. August 2017 - 16:52

Три годишно дете е најмладата жртва- Полицијата трага го напаѓачите

Со едноминутно  молчење на главниот плоштад во Барселона илајдници луѓе им оддадоа почит на 13 -мината  загинати во вчерашното кровпорлевање  на  позната туристичкка улица Ла Рамбла. На церемонијата присуствуваа  и шпанскиот крал и премиерот.

- Терористите  можат да бидат победени преку институционалното единство, полициската соработка , превенција, меѓународна поддршка и цврста одлучност  за одбрана на вредностите  на нашата цивилизација – демократијата , слободата и човековите права, порача Маријано Рахој, премиер на Шпанија.

Исламска држава се пофали дека нејзин борец го управувал комбето кое со голема брзина удри во група пешаци на Ла Рамбла и зад себе остваи 13 мртви и над 100 повреднеи, државјани на 34 земји.   Најмладата жртва е тригодишно девојче. Полцијата трага по 17  годишниот шпанец со мароканско потекло  Муса Укабир за кој верува дека управувал со возилото. И додека во Барселона се броеа мртвите  и повредените, во Шпанија се случи уште еден сличен напад.

Во инцидентот во приморскиот град Камбрилс  во кое беше убиено едно лице  а пет беа повреднеи полицијата за брзо време  ги уби сите 5 терорсити Нема сомнение дека  двата напади се поврзани. Истражителите претпоставуваат дека 8 члена терористичка келија стои зад нив. Приведени се неколку лица, но повеќе детали не откриваат. Пораки со поддршка и солидарност до шпанските власти испратија светските лидери и истовремено порачаа дека само со здружени сили може да се победи тероризмот.

- Терористите ширум светот мораат да знаат дека САД и нивните сојузници сае одлучни да ги пронајдат и да ги изведат пред лицето на правдата, порача Рекс Тилерсон, државен секретар на САД

Терористичките напади во кои се користат  возила зачестија изминативе две години низ Европа.