Балкан
13. October 2016 - 15:47

Три девојки и едно момче загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тирана-Драч

Четворица млади, три девојки и едно момче, загинаа при сообраќајна несреќа, што се случила на автопатот Тирана-Драч.

Сообраќајката се случила во близина на местото Шукт, кога автомобил „Мерцедес“, со кој патувале трите девојки, дирекно се судирл и возило од истата марка, кое го упавувало момчето.

Полицијата смета дека виновник за несреќата е момчето, затоа што возело со брзина од 120 километри на час на погрешна страна на автопатот.

Сите четворица починале на самото место на несреќата, а поради големото оштетување на возилата нивните тела биле извлечени од протипажана единица.

Во 1987 година во сообраќајна несреќа животот го загубила и сестра на една од трите девојки, кога училишен автобус се превртел и паднал во бездна.