Македонија
15. January 2017 - 19:24

Три дена прослава на Богојавление во Охрид

Два мобилни чамци ,5 медицински екипи на брегот и четири нуркачки тимови во водите на Охридското езеро ќе патролираат за празникот Водици.

Просторoт кај градското пристаниште ќе биде видно обележан за сите оние кои ќе влегуваат во водите а ќе биде исчистено и дното на езерото.Со оглед на ниските температури  надлежните апелираат на поголема внимателност .

Сите заинтересирани за скокање по чеснит крст во охридското езеро може да се пријавуваат во парохиските цркви.Оваа година црквата на среќниот фаќач ќе му подари крст а општината икона .

Охрид подготвен за манифестацијата која ќе трае три дена.

И покрај студеното време во Охрид за Богојавление се очекуваат да пристигнат огромен број на гости како од земјава така и од странство кои ќе го проследат одбележувањето на овој голем верски празник.