Живот
16. May 2017 - 10:14

Тргна да краде како од мајка роден: Гол го украде целиот промет и престилката

Еден досетлив крадец по заклучокот дека е премногу голем за да се провлече низ вентилацискаа цевка на фаст-фудот во кинеска провинција Хебеј, едноставно ја соблече целата своја облека.

Потполно гол, со наочари на лице, крадецот се лизна во дуќанот и тргна до касата, но тогаш забележа дека го снимаат безбедноснтие камери.

Сепак не се обиде да го скрие своето лице (или гениталиите) туку само ја покри со престилка една од безбедносните камери.

Успеа да украде 800 јуани и престилката.

Сопственкот ја продавницата повика полиција, и на големо се трага по крадецот.