Македонија
12. April 2017 - 19:52

Тревога во Грција заради нелегално увезено јагнешко месо од Балканот

Грчкиот пазар преполн со нелегално увезено јагнешко месо. Јагниња увезени од соседните земји се продаваат како грчки на пазарот. Наводно животните се со потекло од Бугарија, Романија, Албанија како и од Македонија. Грчките медиуми пишуваат дека се увезуваат по многу ниски цени, под 2 евра за кг,  и додека да стигнат до кланиците тие се веќе со сменето потекло. Главна причина за ова e недостигот на месото поради совпаѓањето на православниот и католичкиот Велигден.

Од АХВ велат дека немаат добиено никакво официјално известување од грчките ветеринарни власти за шверц на жив добиток,  односно јагниња и јариња по потекло од земјава кои се продават на пазарот во Грција.

Потенцираат дека извозот на јагне од Македонија се врши согласно законските процедури. Исклучиво од одобрени кланици за извоз на пазарите во ЕУ, под постојана контрола од страна на официјалните ветеринари.

Грчкиот пазар е втор по големина пазар каде годинава се извезува македонското јагне. Последните бројки покажуваат дека од вкупно извезените 121 000 јагниња, во Грција се пласирани околу 18 700.

Најголеми количини јагнешко месо, традиционално и годинава се извезени на италијанскиот пазар.