Свет
22. February 2018 - 14:53

Тревога во Брисел - во тек е специјална операција

Полицијата блокира една зграда во бриселскиот кварт Фора, во која наводно се наоѓаат неколку вооружени напаѓачи.

Според локалните власти во тек е специјална операција.

- Можно е едно или повеќе вооружени лица да се наоѓаат во зградата, истакнаа претставници на локалната власт.

Над тој дел во Брисел забележани се и хеликоптери.