Ракомет
4. јуни 2017 - 17:06

Трето место за Веспрем

Унгарскиот шампион веспрем го освои третото место откако во „малото финале“ во Лигата на шампионите ја совлада Барселона со 34:30 (18:17). 

Во текот на целиот втор дел Веспрем имаше водство, а денешната победа е еден вид реванш за поразот во финалето од пред две сезони во Келн.
Лекаи со 6 и Наѓ со 5 гола беа најпрецизни кај Веспрем, а Н‘гесан со 6 и Ривера со 5 гола се истакнаа кај Барселона. Нашиот Кирил Лазаров постигна 3 голови на својот последен европски натпревар за „каталонците“. Борко Ристовски бранеше само во првите 10-12 минути од првото полувреме.