Свет
15. December 2017 - 13:08

Трет состанок на премиерите од Западен Балкан и Федерика Могерини в понеделник

 На третиот состанок на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и шесте премиери од Западен Балкан, в понеделник ќе разговараат за актуелните настани во регионот и за изгледите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата, соопшти денеска ЕУ.
 
Во соопштение се вели дека високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ги повикува премиерите на партнерските земји од Западен Балкан на неформален состанок во Брисел в понеделникот, на 18-ти декември.
 
- ЕУ е посветена на зајакнување на ангажманот на ЕУ со регионот и осигурување дека сите земји од Западен Балкан ги преземат неопходните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се вели во соопштението