Македонија
12. February 2016 - 16:46

Трет состанок на Бизнис клубот на општина Гази Баба

Бизнис клубот на општина Гази Баба денеска го одржа третиот состанок. Во клубот членуват деловни субјекти со седиште во Гази Баба или деловни субјекти кои имаат деловни или производствени капацитети на оваа територија.

- На состанокот се дискутираше и се даваа предлози за измени и дополнувања на членовите на Деловникот за работа на Бизнис клубот, како и за навремено разменување на информации кои се од големо значење за компаниите, информира општина Гази Баба.

На состанокот, како што се наведува, разгледана е и Предлог-програмата на Бизнис клубот за 2016/2017 година. На состанокот присуствуваа членови на Верификациската комисија БФЦ СЕЕ од Велес, Србија и Босна и Херцеговина.

Програмата за сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (Business Friendly Certification South East Europe - BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи, која се спроведува во Македонија и останатите земји на Балканот.