Бизнис
1. February 2016 - 20:03

Трет пакет деловни објекти одат на продажба

Државата и годинава ќе продава деловни простории на компаниите. Од Владата информираат дека на барање на бизнис заедницата се подготвува третиот пакет, со кој 100 простории ќе им бидат ставени на располагање. Бенефит ќе имаат и двете страни. Фирмите наместо да трошат пари за кирија, ќе можат да се стекнат со сопствен имот и непречено да го развиваат својот бизнис, a државата ќе може средствата да ги инвестира во различни сфери.

Владиниот проект за купување на деловни простории во сопственост на државата почна лани. Досега беа објавени два огласи, со кои  беа продадени 85 простории a државата инкасираше близу 6 милиони евра.