Бизнис
20. February 2017 - 19:47

Трет ден возовите не сообраќаат, вработените во железница си ги бараат платите

Железничкиот сообраќај трет ден во прекин. Ниту еден воз не сообраќа низ државата. Според последните информации вработените во МЖ Транспорт во петокот го добиле вториот дел од декемврсиката плата, но  бараат целосна исплата на јануарската. МЖ Инфрастуктура немаат добиено половина од примањата за декември и цела плата за минатиот месец.  

Вработените велат дека ќе работат и прекувремено за да се компензираат загубите од прекинот. Без да им се плаќа за тоа. Само доколку бидат исплатени во најкус можен рок.

Раководството на фирмите и Владата денеска преговараа како  над 2500 вработени да ги добијат своите плати и железницата да продолжи со работа.

Лани поради блокади од грчка страна,  товарниот сообраќај 4 месеци беше во прекин, поради што МЖ Траснпорт пресмета загуба од 5 милиони евра.

Паралелно железница набвави 6 нови патнички возови и 150 товарни. Во јануари се потпиша и договорот за набавка на 4 нови локомотиви.