Тенис
24. May 2016 - 18:09

Трет ден на Роланд гарос

Во Париз актуелни се натпреварите на вториот Гренд слем турнир годинава.
 
Третиот натпреварувачки ден на Роланд Гарос засега не донесе изненадувања  во машка конкуренција. 
 
Така, топ фаворитот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го совлада Лу од Таипеи. 
 
Британецот Мареј кој се 2-ностиетл мечот со Радек Степанек го играше во два дена. Откако синоќа истиот беше прекинат поради дожд, при водство на Чехот од 2:1 во сетови, денеска Мареј го доби четвртиот сет со 6:3, а решавачкиот петти со 7:5. 
 
Затоа пак 4 носител Рафаел Надал експресно со 3-0 го победи Австралиецот Грот кому во трите сета му препушти по само 1 гем.
 
Пласман во 2-коло обезбеди и 7.носител Бердих од Чешка.
 
 
Затоа пак кај дамите, елиминација претрпе шампионската од Австралија опен, Кербер од Германија која како 3-та носителка на Роланд Гарос загуби со 2-1 од Холанѓанката Бертенс, 
 
Пласман следната рунда кај дамите обезбедија, Русинките Цибулкова и Макарова, Србинката Јанковиќ, како и 9-та носителка Венис Вилијамс која двата сета против Контавиети од Естонија ги доби во тај-брејк.