Македонија
13. October 2015 - 20:33

Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања

Трет ден молк во специјалното јавбно обвинителство по информациите за мегаломанските барања на јавната обвинителка Катица Јанева. И покрај напорите на Сител и јавниот повик од главниот и одговорен уредник, од специјаното Јавно обвинителство до денеска се уште нема никаков одговор. Поради селективниот пристп на обвинителството јавноста се уште очекува детали за тоа колку ќе бидат платени помошниците, телохранителите, возачите и хигиеничарите на Јанева коа јавната обвинителка само за плати бара над 200.000 евра месечно за 124 лица.

Нема одговор ниту за чии потреби се ангажират неверојатни 30 телохранители, обезбедување со кое не располагаат ниту претседателите на Русија и САД. Во јавноста останува сомнежот дека овие позиции се резервирани за кадри на СДСМ кои треба да работат во партиската предизборна кампања.
Молк и околу сомнежите кои ги отворија медиумите за скандалозното поклопување на изјавата на Заев дека пред Нова година ќе паднат првите обвиненија и најавата на Јанева во својот работен план дека токму во овој период ќе ги прикаже своите први резултати.

Обвинителите се во шок кога го видоа финансискиот план кој за само 2 месеци тежи повеќе од 1 милион евра, коментирајќи дека за цела година, обвинителството за организиран криминал троши помалку од 500.000 евра. Дел од нив за Сител велат дека за парите кои Јанева ги добива на месечно ниво, тие работат половина година.
Од Јанева нема одговор ниту дали постои судир на интереси во ангажманот на кумашинот на адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски во својот тим.
Обвинителката Јанева утре од Советот за јавни обвинители ќе ја бара поддршка за својот тим при тоа заканувајќи се дека ќе си поднесе оставка доколку барем еден од нејзините помошници не биде изгласан иако меѓу нив, има и такви кои очигледно имаат сериозен судир на инетерси со дел од потенцијалните обвинети во слачите кои обвинителството би ги работело.