Бизнис
18. May 2017 - 20:37

Трет циклус на Саеми за вработување

Над 60 компаниите ги отворија вратите за граѓаните во потрага по работа.  Саемот за вработување  повторно на едно место ги собра  работодавачите и оние кои бараат  работа. Информатичари, економисти, правници, продавачи,  инжењери се само дел од струките кои се бараат. Освен домашни присуствуваат и странски фирми и компании кои нудат доедукација за сите кои имаат потреба.

Невработените ќе имаат можност да  се запознаат  со позициите кои се нудат, а младите кои треба да се запишат на факултет да видат што се бара на пазарот на трудот и  да донесат права одлука која во идина ќе им омогне поленсо да се вработат.

Ова е трет циклус на саем за вработување.  На претходните имало над 70 илјади посетители, биле доставени над 20 илјади апликации за работа, а се реазлирале околу 2.500 нови вработувања.