Живот
27. јуни 2017 - 17:23

Траума и доживотна болка: Победничката во музичкото шоу сопругот го нашла мртов во локва крв

Нихада својата победа му ја посвети на покојниот сопруг Зоран кој извршил самоубситво. Како што раскажа таа, немилиот настан се случи пред 3 години. Пред да изврши самоубиство, Зоран паднал во депресија и зборувал дека ќе се убие.

Нихада наведе дека заедно со сопругот тогаш решиле да живеат на село, во куќата на неговите родители со надеж дека со селските работи ќе му биде подобро, и дека ќе мисли на нешто друго.

Кога требало да вратат дома, Зоран и рекол да оди, а дека тој ќе останел уште малку.

-Утредента му се јавив, не одговараше. Повторно го свртев енговиот број и повторно ништо. На крајот отидов во таа куќа и затекнав многу возила и луѓе напред. Влетав во куќата и видов глетка која никогаш нема да ја заборавам. Го најдов мртов во локва крв, со пушка во рака. Ми одзеде половина живот, рече победничката во шоуто „Никогаш не е доцна“ и додаде дека верува оти тој ја поддржува од небото.