Живот
22. April 2017 - 12:32

Трансформација за почит: Ослабна 25 килограми и стана фитнес инспирација

Џели Дивоут е девојката чија трансформација ќе ве фасцинира, а воедно и мотивира да започнете со подготовка на вашето тело за летниот период.

Со помош на напорни тренинзи, таа ослабна 25 килограми. Во целост си го трансформираше телото и стана фитнес инспирација за многумина.

„Видов фотографија од себе во бикини и тоа ме поттикна да започнам да го трансформирам моето тело. Се мразев себеси и сметав дека изгледам ужасно“ – изјави Дивоут.

1djeli

„Баба ми ми рече: Имаш качено многу килограми. А кога твојата баба, која секогаш сака да те „полни“ со купишта храна, смета дека си се здебелила, тоа боли“ – изјавила Џели.

Од тогаш, па се до денес Џели редовно е физички активна и води грижа за сите намирници кои ги консумира.

2djeli

За сите оние кои сакаат да ги намалат килограмите и да бидат во одлична фит форма Џели има свој блог каде успешно пренесува искуство и мотивира за совршен изглед.

3djeli

4djeli

5djeli

6djeli

7djeli

8djeli

9djeli