Loading Video...
Свет
19. February 2017 - 18:03

Трамп зборувал за непостоечки терористички напад во Шведска

Ирачката војска ја почна офанзивата за ослободување на западен Мосул

Ирачката војска почна голема копнена операција за ослободување на западен Мосул од џихадистите на Исламска држава. Ова би можела да биде најбруталната битка досега во рамките на операцијата за ослобудвање на градот која трае веќе 4 месеци  изјави Портпаролот на Меѓународната организација за миграција Џоел Милман и предурпеди дека во стапица се наогаат  околу 650 000 луѓе.

- Постои загриженост дека најжестоките борби штотуку почнуваат. Знаеме дека е тешко за луѓето да го напуштат Мосул. Понекогаш  има премногу пукање, има проблем со мостовите да се излезе од градот. Имаше пет мостови првобитно, сега верувам дека ниту еден е во функција. ( Џоел Милман портпарол на ОН за миграција )

- Нашата главна мисија е да ги ослободиме луѓето пред да ја ослободиме земјата. (Премиер на Ирак Хајдер ал Абади )

Вчера ирачката авијација фрли  милиони летоци во западниот дел на Мосул со порака до населението да се подготват да ги дочекаат војниците  кои доаѓаат да ги ослободат.

Продолжуваат антивладините протести во Албанија

Во албанската престолнина продолжуваат протестите со кои се бара оставка од премиерто Еди Рама и формирање влада која ќе гарантира слободни избори. Демонстрантите ги предводи опозициската Демократска партија.

Трамп зборувал за непостоечки терористички напад во Шведска

Во Шведска во петок не се случил терористички напад поврзан со  бегалците , Трамп зборувал за непостоечки инцидент.Вака  властите во Стокхолм   ја коменитраат вчерашната изјава  на претседателот на САД  во која  тој зборуваше за поврзаноста меѓу бегалците и терористичките напади низ светот , посочувајки дека таков инцидент се случил во петокот во Шведска.

- Погледнете што се случува во Германија. Погледнете што се случи синоќа во Шведска. ДА, Шведска?  Примија голем број бегалци и сега имаат проблеми кои не ни можеле да ги замислат. Погледнете што се случува во Брисел, погледнете што се случува низ целиот свет. ( Доналд Трамп, претседател на САД)

Шведска  досега има примено 200 000 бегалци, најмногу од  Сирија, Ирак и Авганистан.