Свет
5. December 2017 - 9:57

Трамп засега го одлага преместувањето на Амбасадата на САД во Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп засега го одлага донесувањето на решението за евентуалното преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, соопшти Белата куќа. 

Претставникот на Белата куќа, Хоган Гидли, наведе дека донесувањето на одлуката е одложено и нема да биде соопштено в понеделник, како што претходно беше најавено. 

- Претседателот беше јасен во однос на таа тема од самиот почеток: прашеањето не е дали, туку кога, истакна Гидли. 

Тој посочи, дека одлуката ќе биде донесена во скоро време. 

Во 1995 година Конгресот на САД усвои закон за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Оттогаш американските претседатели на секои шест месеци потпишуваат наредба за одложување на извршувањето на таа одлука.