-->
-->
Трамп забранува модифицирано оружје: Промена на прописите во САД по страшните пукања
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека презел чекори за донесување прописи со цел да се оневозможи модификација на огненото оружје во автоматско, како што тоа го направи напаѓачот во Лас Вегас, кој минатата година уби 58 луѓе.
Со новите прописи, би било забрането користење технички додатоци кои овозможуваат пушката да испука стотици куршуми во минута.
Претходно од Белата куќа беше соопштено дека претседателот ќе разгледа и други рестрикции во врска со оружјето и неговата набавка.
Најновата одлука на Трамп доаѓа неколку дена по нападот во средно училиште во Флорида каде поранешен ученик уби 17 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност